Преку 20 години развиваме апликативен софтвер за Вашиот бизнис.

Низ динамична и активна соработка со Вас, веќе со децении таложиме драгоцено искуство кое го вградуваме во нашите производи со цел да Ви овозможиме да имате поцврста контрола врз Вашата компанија.

Сметководство и комерција се нашите омилени теми, точки кои се постојано во нашиот фокус, мозаик кој непрестано го составуваме. Точност, проверливост, едноставност, целовитост, брзина , ефикасност и постојано пружање поддршка за Вас се нештата по кои сме препознатливи.

Се посветивме на усвојување на нови технологии кои ни даваат нова, уште поголема технолошка предност : сега можеме да имаме и сервери и работни станици кои работат на било кој оперативен систем и на било кој уред.

Во нашето портфолио имаме трговски, прозводствени, услужни, здравствени организации, туристички агенции, јавни претпријатија и установи, дистрибутерски компании, градежни компании...